Излекувајте ги акните со маска од глина и пивски квасец

popara29 декември, 20131min00
5

Глината е едноставен природен производ кој може да биде корисен за многу нешта, а најмногу за грижата за убавината. Но сега ќе ставиме акцент на нејзиното својство да се справи многу ефикасно со акните. Бидејќи таа е одлична во овој поглед!

Благодарение на минералите и другите корисни материи кои се содржани во неа, таа има способност да ја чисти кожата од токсини, да делува антисептично, да ги регулира маснотиите и да ги чисти порите во длабочина. А ова се многу важни моменти да се справите со проблемите на кожата!

За таа цел еве еден рецепт за маска, која сигурно ќе делува одлично, бидејќи вклучува и пивски квасец. А тој е богат со витамин Б, кој исто така има антифламаторно дејство.

Потребни производи:

2 лажици глина (по можност зелена)

1 лажица пивски квасец

Неколку капки вода

Измешајте ги трите состојки, така што да се добие хомогена смеса.

Нанесете ја маската на лицето и оставете да се исуши. Многу е важно за тоа време да не правите никакви гримаси, туку мирно да се релаксирате.

Конечно исплакнете со млака вода и нанесете лесен хидратантен крем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *