
Фотографиите од архивата на Историскиот музеј на Југославија повеќето непознати за јавноста од денес ќе бидат достапни на сајтот www.foto.mij.rs. Така 150 000 фотографии на кои се прикажани детали од животот на Тито сега ќе може да ги погледне секој заинтересиран.
Фотографиите потекнуваат од 1947 до 1980 година, на 1083 локации во 93 држави. Проектот за дигитализација траел две години.
