Направете сами 4 квалитетни течности за испирање на устата

popara28 ноември, 201318min00
12

Истражувањата покажале дека употребата на антибактериски течности за испирање на усната шуплина – два пати дневно – во комбинација со редовно миење на забите, може значајно да ја намали појавата на кариес но и гингивитис – почетен стадиум на парадентоза.

Со лимон:

35 мл дестилирана вода

2 лажици гел алое вера

12 капки есенцијално масло од лимон

Сите состојки додадете ги во стаклено шише и добро измешајте. Тоа е тоа, ја имате својата вода за испирање уста.

Со нане и рузмарин:

70 мл преварена вода

По една лажичка суво нане и рузмарин

Состојките попарете ги со врела вода и оставете смесата да отстои 24 часа. Течноста се процедува и се чува во стерилен стаклен сад во фрижидер.

Со мед и цимет:

Половина лажица мед

Половина лажичка цимет

30 мл преварена вода

Измешајте ги медот и циметот во топла вода. Секое утро со оваа течност испирајте ја устата за свеж здив во текот на целиот ден.

Со јаболков оцет:

240 мл вода

2 лажици јаболков оцет

Течноста се чува во стаклен сад и се протресува садот пред употреба.