Ја изненадил вереницата со 120 килограми банкноти во вредност од милион долари!

popara15 ноември, 201317min00
12

Еден Кинез и испратил на својата вереница подарок кој содржел банкноти во вредност од еден милион долари, гест што многумина го оцениле како претенциозен и лигав.

Подарокот во кеш бил тежок 120 килограми, а бил донесен пред куќата на идната невеста со конвој луксузни автомобили, меѓу кои и еден масерати.

Вкупно 18 луѓе носеле корпи од бамбус до врв исполнети со јапонски банкноти, тешки 120 килограми, а пресметано во долари, тоа изнесува еден милион.

Парот се запознале пред три месеци, потекнуваат и двајцата од богати семејства, а според традицијата, идната невеста треба богато да се дарува.

Printskrin: Youtube/Shaun Foulds