
Младиот рабин Ноа Муроф од Калифорнија преку интернет купил работна маса за 150 долари, но кога ја добил нарачката, морал да ја расклопи масата за да може да влезе низ врата. Тогаш, во внатрешноста на масата, во пластична кеса нашол 98 000 долари.
Му било јасно дека парите припаѓаат на бившата сопственичка, па според правилата на неговата религија, човекот знаел дека мора да ги врати тие пари онаму каде навистина припаѓаат. Ни за миг не се двоумел.
Се испоставило дека се работи за наследство кое и припаѓало на госпоѓата, а кое одамна го скрила и не се сетила дека се наоѓа токму во масата која ја продала. Кога рабинот и ги вратил парите, таа изјавила дека од секогаш се надевала дека во овој луд свет сепак постојат и добри луѓе и дека тој е еден од нив.
httpv://www.youtube.com/watch?v=U9EYqPwAgLk