Ја труела својата ќерка за да заработи пари од донации!

15 април, 20130
3

Австралијанката Шери (22) од Бризбејн ја труела цели 10 месеци својата 4 годишна ќерка за да заработи пари од донации. Девојчето е во болница со тешко воспаление на белите дробови, а лекарите се борат за нејзиниот живот, додека нејзината мајка е уапсена и обвинета за обид за убиство и нанесување тешки телесни повреди.

Жената монструм му давала на своето дете повеќе од 10 месеци тешки лекови кои се користат за лечење на рак. Пореметената жена направила профил за помош на Фејзбук каде поставувала фотографии од болното дете со текст дека умира од рак и дека итно е потребно пресадување на коскена срж. Луѓето потресени од тешката судбина на самохраната мајка со болно дете испраќале пари на сметка, а полицијата известува дека на овој начин собрала околу 100 000 долари.

„Ако не ја направиме операцијата за 6 месеци, ова дете ќе умре!“, напишала мајката монструм на Фејзбук.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma