Северна Кореја објави симулација на напад врз САД!

15 април, 20130
2

Северна Кореја објави пропагандно видео со план на нуклеарен напад на САД. Според планот на нападот прикажан во видеото, Северна Кореја кон САД ќе лансира четири нуклеарни бомби.
Целите во САД според снимката се Вашинготн, Лос Анџелес, Хаваи и неодредена локација во Средна Америка, на подрачјето на сојузната држава Арканзас.
Снимката се појави во саботата, а е објавена на интернет страната Uriminzokkiri, која е во сопственст на севернокорејската влада.
Тензиите на корејскиот полуостров и понатаму не запираат. Северна Кореја денеска ја одбила понудата на својот јужен сосед за мировни преговори. Од Пјонгјанг е порачано дека се работи за „вешт трик кој би требал да ја замаскира агресивноста на Јужна Кореја“.
Американските извори тврдат дека се очекува Северна Кореја наскоро уште еднаш да го тестира својот ракетен систем, но нови нуклеарни тестови не се очекуваат. Северна Кореја се заканува со нуклеарен напад на САД, но Американците се убедени дека Северна Кореја не поседува проектили со кои би можела да ги погоди.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=HlA28QIAFcg

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma