Едно момче од Азербејџан, по жестока расправија ја турнал својата сестра од прозор од деветтиот кат од зградата во Санкт Петербург, која за среќа ја преживеала несреќата, соопшти полицијата.
23–годишната девојка била хоспитализирана откако за чудо преживеала. Жената паднала на куп снег.
26-годишниот млад човек објаснил дека ја турнал неговата сестра, бидејќи бил лут што го изневерила нејзиниот сопруг.
Сопругот на оваа девојка не бил во станот за време на семејната расправија.