Таа флертува со други мажи! Проблем ли е?

5 февруари, 20131
flert
Проблем ли е тоа за тебе и за врската? Со еден збор да, со два збора, голем проблем! Тоа е проблем поради една многу едноставна причина – кога една жена е вљубена во тебе, таа нема желба за други мажи. Ако се загледува по други мажи, ако има желба да разговара со непознати и да флертува со нив, тоа значи дека нешто и недостасува во врската. Што автоматски прави проблем и за тебе и за врската.

Причината – таа едноставно не е залетана толку многу по тебе, затоа или си бара нешто ново, или бара разнообразие или се стреми да се увери во својата привлечност преку флерт со други мажи.

Кога една жена е вљубена во тебе, ти си најубавиот маж на светот за неа и никој не може да се мери со тебе, дури ни спасителите на плажа.

Значи ли сето ова дека можеби треба достоинствено да ставиш крај на врската? Тоа зависи само од тебе. Ако веќе настојуваш, можеш претходно да разговараш со неа, да и објасниш што ти пречи и вознемирува и да слушнеш што има таа да каже. Но накратко кажано, врска со жена која не те сака само тебе нема добра иднина.

Не заборавај уште еден многу важен детал – за да сметаш дека таа навистина се загледува по други мажи треба да ја видиш со свои очи и тоа не само еднаш. Немој да правиш импулсивни потези и немој да бидеш екстремно љубоморен само поради некои магливи сомнежи.

One comment

  • Unknown

    27 јули, 2013 at 18:51

    дали истово важи и за мажите кога се загледуваат по други жени и кога флертува со било која стигне по фб-уков.. така да не е само за жените. мн поретко гледам жена да го прави ова, него маж

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber