Како го убив Бин Ладен!

12 февруари, 20130
bin-laden

Поранешниот припадник на специјалната единица на американската војска „Фоки“кој тврди дека го убил Осама бин Ладен, во Пакистан, мај 2011 година, за прв пат зборува за моментот кога за три куршуми во глава, го погодил набараниот терорист на светот, и ја гледал неговата последна воздишка.

Триесет и петгодишниот командос на елитната „Екипа 6“ на „фоките“ во интервјуто за „Ескваер“ е претставен како Стрелецот. Неговото име не се споменува за да не се доведат во опасност тој и неговото семејство.

По 16 години служба во воено-пономорските сили, каде пристапил на 19-годишна возраст, денеска тој нема ниту пензија, ниту здравствено осигурување, затоа што ги нема неопходните 20 години служба во вооружените сили за да добие социјална заштита. Сега хонорарно работи како консултант.

„Фоката“ раскажува дека се се одвивало многу брзо, кога тој прв влегол во собата на Осама бин Ладен, на третиот кат од куќата. Водачот на Ал Каеда не гледал ништо во темницата, додека командосот бил со очила за ноќно гледање.

– Бин Ладен беше таму, стоеше исправено, со рацете на рамената на една жена. Ја туркаше напред, не точно кон мене, туку кон ходникот. Таа беше најмладата негова жена, Амал, раскажа тој.

-Пиштолот му беше на дофат на раката. Беше закана. Морав да пукам директно во неговата глава за да нема прилика сам да се разнесе.

Во таа секунда двапати пукав во неговата глава. Бам! Бам! Вториот пат падна на подот пред креветот, а потоа пукав повторно. Бам! На истото место.Беше мртов. Не се мрдаше. Јазикот му излезе од уста. Гледав како за последен пат воздивнува, тоа беше само рефлексно дишење. Додека го набљудував како умира и си помислив: дали е ова најдоброто нешто што сум го направил или е најлошото? Ова е реално, тоа е тој. Челото му беше језиво. Беше полуотворено и му го гледав мозокот како му протекува преку лицето, додава поранешниот припадник на „фоките“.

Војникот потоа ги опишал моментите по пукотниците и како неговата жена се наведнала над него и почнала да вреска. Откако ја замолчел и врзал за кревет, специјалецот го забележал најмалиот син на Бин Ладен, на возраст од две или три години, кој стоел до креветот.

– Не сакав да го повредам затоа што не сум дивјак. Одекнаа викотници, детето плачеше, беше во шок. Го кренав и го ставив до мајка му. Лицето му го испрскав со вода, раскажува анонимниот командос кој го убил Осама бин Ладен.

Војникот продолжува да раскажува како семејството му се распаднало поради работата и тврди дека владата на САД не води грижа за своите ветерани и дека се одлучил предвреме да се повлече, на три години пред долната граница за пензија, која во војската е 20 години. Му останала уште една мисија во Авганистан.

-Веднаш ми беше укинато задравственото осигурување, прашував дали постои некој период на транзиција, но тие само одговорија-не. Не си веќе во служба, не си веќе покриен. Ти благодариме за овие 16 години, сега оди е.. се, вели специјалецот.

Како што вели тој, подобро би било да е убиен на една од мисиите, бидејќи тврди дека нема да добие никаков надомест за времето поминато во униформа.

-Ќе одам уште еднаш во Авганистан пред официјално повелкување. Ако ме убијат, знам дека моето семејство ќе биде загрижено, колеџот ќе биде платен. Се ќе биде во ред. Ако се вратам жив и одам во пензија, нема да имаат ништо. Тажно е е тоа да го кажам, но подобар сум мртов!

Сепак, од војската порачуваат дека тој има право на здравствена заштита уште пет години, а за паричен надомест не се изјасниле.

Што и да е вистина, поранешниот командос изјавил дека се плаши и од освета од терористите и дека војската ни по тоа прашање не направила доволно.

http://www.youtube.com/watch?v=DBKvE6zwf9Y&feature=player_embedded

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi