Како подолго да издржиш во кревет?

5 ноември, 20130
12

Колку долго е доволно за добар сексуален однос? За некои мажи да научат како подолго да издржат во кревет е особено важно со оглед на тоа дека се соочуваат со предвремена ејакулација и буквално издржуваат само неколку минути, додека други имаат проблем бидејќи на партнерката и треба повеќе време за да доживее оргазам. Машкото его е повредено во вакви ситуации, но за се има решение, а ние ви нудиме неколку докажани.

Еве што ќе ви помогне за подолго да издржите во кревет:

Опуштете ги нозете: Нормално е нозете и задникот да бидат напнати кога сте пред ејакулација, но ако се обидете да ги опуштите овие мускулни групи, ќе забележите дека нагонот ќе ослаби со што ќе го продолжите времето до ејакулација.

Опуштено дишење: И дишењето и ејакулацијата се неконтролирани рефлекси, но вие можете да ги контролирате. Воспоставување на контрола над дишењето е првиот чекор за контрола на предвремената ејакулација.

Без сексуални мисли: Најлесен начин да ја одложите ејакулацијата е да почнете во тој момент да мислите за нешто несексуално. Лоша вест е што оваа техника може многу да ве олади и исфрли од фокус, ова треба да го вежбате само за да си покажете себе си дека можете да издржите.

Концентрирајте се на партнерот: Оваа техника има дополнителен бенефит бидејќи ве прави голем љубовник, а кога ќе сватите дека сами го контролирате вашиот ум нема да ви претставува повеќе проблем да продолжите понатаму. Најчеста причина за предвремена ејакулација е стравот од предвремена ејакулација. Кога ќе го надминете тој страв ќе можете да се фокусирате на неа и на сексот.

Фокус на емоциите помеѓу вас: И само тој труд ќе ве одвои од ејакулација. Жените се многу чувствителни на ова и ќе бидат изненадени од емоционалното и секуалното искуство. Било да издржите кратко или долго, ова ќе биде најдоброто сексуално искуство што двајцата сте го доживеале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi