Како се раѓа остров после ерупција на вулкан?

popara21 ноември, 201318min00
32

Јапонската метеоролошка агенција пријавила ерупција на подводен вулкан во близина на ненаселениот остров Нишиношима во Тихиот океан.

Според објавените информации од страна на агенцијата чадот кој се појавил над морето бил висок околу 600 метри. Освен тоа било забележано и формирање на нов остров со пречник од 200 метри.

Агенцијата не ја исклучува можноста ерупцијата да трае уште некое време, па поради тоа објавиле предупредување за авионите и бродовите кои тука поминуваат.

Foto: Tanjug / AP

Foto: Tanjug / AP

httpv://www.youtube.com/watch?v=EviUfoGRp9c