Сепак ништо од новиот почеток: Бездомникот после “неверојатната трансформација“ завршил во затвор!

popara21 ноември, 201317min00
33

Ветеранот Џејмс Волф кој само пред неколку седмици стана интернет сензација, е уапсен деновиве во Бургер Кинг.

54 годишниот Волф, бездомник и алкохоличар стана за кратко заштитно лице на компанија која се обидувала да докаже дека физичката трансформација е доволна за човекот да биде и психички подобар, а покрај видеото што го заобиколи светот одеше и приказна дека Волф конечно одлучил да оди на состаноци за лечење на алкохоличари.

Но деновиве се покажа дека не е толку едноставно како што беше прикажано во кампањата: Волф ја признал вината за кражба и нарушување на јавниот ред и мир, па добил затворска казна во времетраење од 10 дена. После апсењето изјавил дека го цени сето она што компанијата го сторила за него, но и дека повторно се вратил на пиењето.

httpv://www.youtube.com/watch?v=6a6VVncgHcY