Бил Гејтс едвај се воздржа да не заплаче на годишниот собир на акционери

popara21 ноември, 201317min00
1

Емотивниот шеф на Мајкрософт едвај се воздржал да не заплаче зборувајќи за новиот директор на компанијата. Сеуште не се знае кој ќе го наследи Балмер, но Гејтс појаснил дека во тек се интервјуа со кандидати за позицијата. Ќе биде тешко да се најде замена за таа комплексна позиција. Сакам да се заблагодарам за водството во последните 13 години. Неверојатна привилегија е да се раководи со толку талентирани луѓе кои работат за нас – изјавил Гејтс, пред да го совладаат емоциите, па воздржувајќи се додал: Имаме обврска да обезбедиме новиот директор да биде вистинскиот човек за оваа компанија. Да ја споделиме одговорноста за Мајкрософт и да овозможиме да успее како компанија која светот ќе го прави подобро место за живеење.

Гејтс и Балмер се единствените луѓе кои работеле на оваа позиција во Мајкрософт, а нивната долгогодишна соработка резултирала во формирање на компанијата каква што е денес.

httpv://www.youtube.com/watch?v=asRBZ_IL-Vs