Стилистите создадоа палета од бои кои се соодветни за вашата деловна гардероба. Шминката и облеката треба да бидат во хармонија, но има некои нијанси кои едноставно треба да исчезнат од вашиот официјален стил.
Белата облека се смета за универзална. Црната и темносината се прекрасен избор за било каква пригода.
Подеднакво добар избор се и земјените бои, особено кафеавата и окер.
Црвената боја зборува за префинетост и вкус и може да се комбинира со златен накит или црни аксесоари.
Розовата боја веќе долго време не е табу во бизнис стилот.
Каре дезенот е еден од најсоодветните принтови за работа или официјален состанок.