Калиопи: Ноле, сакам да ти пејам на свадба!

8 ноември, 20130
3

Калиопи освен музиката, подеднакво го сака и следи спортот.

“Гледам ракомет и кошарка и многу сум горда што кошаркарската репрезентација на Македонија, со верзијата на песната “Едно име имаме“ што ја направив со Гаро Тавитјан и групата Леб и сол, како своја химна, го освоија четвртото место на Европското првенство“ – изјавила Калиопи.

И освен тоа, Калиопи признава дека нејзина страст е тенисот и особено кога игра Новак Ѓоковиќ.

“Новак го следам речиси манијакално, се будам во 3 часот наутро за да го гледам. Бидејќи пред 3 години, рекреативно, почнав да играм тенис, јавно го молам да ми дозволи да го измалтретирам барем 15 минути на терен, а за возврат ветувам да ја испеам “Бато“ на неговата свадба…“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *