Кантарионот – природен антидепресив

15 декември, 20130
11

Кантарионот се покажа успешен во лекување на многубројни психички заболувања, од депресија па се до трауми, а утврдено е дека има помалку несакани дејства од останатите антидепресиви.

Поради лековитоста, кантарионот (Hypericum perforatum) е ценета билка, која е позната повеќе од два милениуми. Таткото на фармацијата Парацелзијус истакнува “во лето, цветот на кантарионот ги собира сончевите зраци, а во мрачните денови им дава светлост на луѓето”

Кантарионот се зeма во облик на чај, тоник или масло, а во поново време може да се најде и во аптеките во форма на капсула.Има големо влијание на нашето расположение и ја подобрува емоционалната рамнотежа.

Кантарионот е билка која расте до 1 метар височина и цвета од мај до септември. Медицината го користи цветот за лекување на болки во стомакот, белите дробови, згрутчување на крвта, проблеми со бубрезите и црниот дроб. Посебно се препорачува за лекување на пациенти кои имаат проблем со мокрењето.

Во “народната” медицина, кантарионот има големо значење во лекувањето на изгореници, хемороиди, а се користи и за брзо зараснување на рани. Исклучително е делотворен за зајакнување, како и за регенерирање на оштетената коса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi