Карлеуша доживеала нервен слом после катастрофалниот неуспех на Ушче!

17 јуни, 20130
1

Карлеуша после концертот примала инфузија и инекции за смирување. Го откажала бесплатниот концерт кој беше најавен за вчера и не одговарала на телефонските повици.

После фијаското што во саботата го доживеа на Ушче Карлеуша доживеала нервен слом. Според информациите од српските медиуми веднаш штом завршил концертот Карлеуша бесна, нервозна и разочарана истрчала зад сцена, а половина час после тоа примила инфузија и инекции за смирување. Не се појавила ни на забавата со фановите, па тие залудно чекале.

“Јелена беше скршена. Не спиеше неколку ноќи. Едвај успеа да застане на нозе па дури и плачеше. Два месеци секојдневно го снимаше видео материјалот кој поради технички проблеми не се прикажа пред публиката“, вели изворот.

Иако Карлеуша пред 10 000 луѓе вети дека во недела ќе одржи бесплатен концерт тоа не се случи. Новинарите упорно се обидувале да стапат во контакт со неа и нејзиниот потпарол за да добијат некакви одговори, но никој не одговорил на повиците.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma