Ќе го балсамираат Чавез! Сакаат вечно да го гледаат!

8 март, 20130
1

Каракас – привремениот претседател на Венецуела Николас Мадуро соопшти дека телото на Уго Чавез ќе биде изложено на одар уште 7 дена, иако погребната церемонија ќе биде одржана како што е најавено.

Телото на Уго Чавез ќе биде балсамирано „за да може народот на Венецуела вечно да го гледа“, изјавил Мадуро.

Луѓето чекале во долги редици пред зградата на воената академија за да го видат за последен пат својот лидер, а целото население од највисоко поставените, до војниците и обичните граѓани порачуваат дека социјалистичката револуција започната со Чавез нема да умре и ќе биде подржана на новите избори преку неговиот наследник, Николас Мадуро.

Телото на Чавез ќе биде изложено во стаклен ковчег во музејот на револуцијата кој се наоѓа до претседателската палата каде Чавез владееше цели 14 години, а целта според зборовите на Мадуро е да се овозможи на неговиот народ „ засекогаш да го има!“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *