Ќе ме убијат за 7 дена ако не платите откуп, моли киднапираниот студент!

28 февруари, 20130
11

Доминик Нојбауер, студент по арабистика беше киднапиран минатата година од страна на јеменски киднапери, се појави на снимка каде во име на своите киднапери бара откуп за себе, додека еден од терористите држи пушка вперена во неговата глава.

Студентот од Виена, кој заедно со уште еден брачен пар од Финска деновите околу католички Божиќ беше киднапиран во главниот град на Јемен, бил неколку седмици заробен некаде во Кавлан и после долги преговори со киднаперите властите соопштиле дека киднаперите момчето го предале на Ал Каида.

Доминик на снимката вели дека киднаперите ќе го убијат ако не им се плати во рок од седум дена и за да биде уште полошо пушката е цело време вперена во неговата глава.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Wam0rfaaQ4o#!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *