
НАСА објавила спектакуларна фотографија на Сатурн која на 19 јули е направена од страна на вселенската сонда Касини. Претставувајќи ја фотографијата, НАСА соопштила дека станува збор приказ на Системот на Стурн составен од 141 поединечна фотографија снимени во моментот кога Сонцето се наоѓа зад прстените.
На најновите фотографии од сондата Касини можат да се видат прстените на Сатурн, Земјата и нејзиниот соларен систем, како и неколку други планети меѓу кои Марс и Венера.
