Пијани момци се опкладиле еден од нив да виси на жица од мостот. Сакале да се пошегуваат неколку минути, но нивната кација речиси се претворила во трагедија.
Поточно, 29-годишниот Ли Басет, по неколку испиени пијалоци, се качил на мостот и одлучил да се пошегува со возачите преправајќи се дека е жртва на бесење. Меѓутоа, вишокот на алкохол во крвта во комбинација со исклучително глупавата идеја, резултирало со апсолутна катастрофа.
Ли го замолил својот пријател да го спушти и по некое време повторно да го подигне, но пријателот немал доволно сила и момчето останало заробено се додека не го спасиле. Самиот пад од висина од два метри можеше да биде опасен за пијаното момче, а густиот сообраќај морал да биде запрен за да го спасат.
Судијата го казнил за загрозување на безбедноста на возачите.
“Г-дин Басет не е Спајдермен. Резултатот на неговиот опасен чин беше затворање на сите патишта во околината. Господин Басет се извини за својата постапка. Бил исклучително глупав, непромислен и опасен чин кој ги загрозил возачите и пешаците и граѓаните и чинел 4.875 фунти”.