Фотографијата на американскиот претседател Роналд Реган датира од далечната 1988 година за време на неговата посета на Москва и која предизвикала бројни коментари не толку поради некогашниот прв човек на САД, туку поради туристите кои во тој момент се собрале на Црвениот плоштад во Москва.
Додека едни тврдат дека човекот во морнарска маичка со фотоапарат е претседателот на Русија Владимир Путин, кој тогаш бил КГБ агент, други тврдат дека Путин во тоа време престојувал во Источна Германија и дека бил шпиун од среден ранг и велат дека е невозможно токму него да го испратиле на таа задача.