
Нашиот скромен Даниел Кајмакоски дефинитивно ги освои срцата на публиката во целиот регион, а во прилог на тоа зборува и подршката на социјалните мрежи што пристигнува од сите страни.
Настапот на Даниел на Јутјуб за само 48 часа има околу 300 000 прегледи, а колку неговиот глас им се допаднал на лицата од јавната сцена зборуваат бројните коментари на Твитер.
Врвниот музичар и продуцент Оги Радивојевиќ после настапот на Кајмакоски го дал своето мислење: Македонецот им одржа родетилски состанок! Одличен!, додека пак Тијана Дапчевиќ напишала дека е прекрасен и дека токму тој е нејзиниот фаворит за победа.
Погледнете го и коментарот на Кристина Ковач:
httpv://www.youtube.com/watch?v=K0qWcnnO3Ro