
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 лажици палента или презла
* 1 лажиче бибер
* 1кг компири
* 1 лажиче црвен пипер
* 1 лажиче рузмарин
* 50мл масло за пржење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Измијте ги и сварете ги компирите во солена вода, без да ги лупите.
- Откако ќе се изладат, исечете ги на парчиња и ставете ги во кутија со капак, заедно со зачините и палентата. Протресете ја кутијата добро, за да можат зачините да се залепат за компирите.
- Потоа ставете ги да се пржат додека да фатат златна коричка.