Уганда: Доживотна робија за педери!

popara20 декември, 201317min00
19

Парламентот на Уганда усвоил закон со кој се овозможува хомосексуалците да бидат осудени на доживотна затворска казна доколку во “недозволени“ односи бидат фатени повеќе од еднаш.

Иако хомосексуалноста е одамна илегална во Уганда, властите на оваа земја истакнуваат дека биле приморани да усвојат нов закон со цел да ги спречат геј луѓето да ги уништуваат семејните вредности во нивната земја.

Законот кој е изгласан во парламентот би можел да биде уште поригорозен ако биле усвоени сите одредби од тој акт кој е предложен во 2009 година.

Според една од тие одредби, хомосексуалците заразени со ХИВ би требало да бидат осудени на смртна казна.

Нема сомнеж дека ваквата одлука на власта во оваа африканска држава ќе наиде на жестока осуда од страна на поборниците за геј правата ширум светот, како и владите на западните држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *