Криминалец издрогирал полицајци, па им побегнал!

26 декември, 20130
23

Опасниот криминалец Викрам Параш поврзан со повеќе убиства, успеал да побегне од полицискиот притвор бидејќи на стражарите кои го придружувале им дал храна со јаки седативи.

Филмската сцена се одиграла на железничка станица во Њу Делхи, каде четворица вооружени полицајци го придружувале Параш (27), осомничен за неколку убиства, рекет и кражби. Параш со воз бил транспортиран од местото каде давал изјава пред судот.

Полицијата сеуште не знае што точно се случило, освен тоа дека тројца полицајци се најдени во безсвесна состојба, додека четвртиот бил најден онесвестен во соседната улица. Се претпоставува дека искусниот криминалец им понудил храна на железничката станица, каде неговите соработници претходно додале седативи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *