
Кристина Ковач и Жељко Јоксимовиќ ја продолжуваат војната на социјалните мрежи.
“Јас можам да му посакам на Даниел и сите кандидати во мојата група кариера слична на мојата, а на Кристина Ковач сакам да и кажам да си ја гледа својата работа и својата група натпреварувачи, за да не се деси кариерата да им трае толку долго како кариерата на групата “Петтиот елемент“, напишал Жељко, а веднаш потоа реагирала и Кристина.
“Драг Жељко,
Морам да признаам дека сум непријатно изненадена од твојот тон на изразување. Обраќајки се на твојот кандидат, како на еден од моите фаворити, уште еднаш во духот на ова шоу со бенигно колегијално пецкање ги нагласив уште одмна на сите препознатливи разлики на нашиот вкус, пристап кон музиката и системите на вредности.
Ти пак од друга страна, во препознатливиот дух на српските таблоиди се обиде да го дискредитираш мојот талент, знаење и професионален кредибилитет. Знаеш, успехот не се мери само со бројки. Успехот е и храброст да се бориш за она во што веруваш. И навистина ми е жал што не го делиш моето мислење“, гласи одговорот на Кристина Ковач.