Вилијам Марот од Канзас непријатно се изненадил кога државата почнала да бара од него да плаќа алиментација, бидејќипред три години донирал сперма на лезбејска двојка.
Вилијам за време на донирање на спермата на овие жени потпишал и потврда со која се гарантира дека правно нема да се смета за татко на новороденчето.
Меѓутоа, државата Канзас од минатата година од него бара финансиска поддршка, бидејќи мајќите на тригодишното девојче западнале во криза.
Ова барање се темели на законот, бидејќи се смета дека донаторите на сперма мораат овој чин да го направат преку лиценциран доктор.
Вилијам тоа не го направил, бидејќи со споменатите дами се нашол преку оглас и прифатил тоа да го направи без никаков надомест, иако тие му нуделе пари.
Кога се појавил на рочиштето за споменатиот случај, Вилијам изјавил дека ниту едно добро дело не може да помине неказнето.