Наоми Кемпбел – брутално ограбена во Париз

4 јануари, 20130
naomi

Супермоделот Наоми Кемпбел била нападната и ограбена во Париз и притоа се здобила со тешки повреди.

Неодамна Наоми била снимена со гипс и инвалидска количка, но тогаш не се знаеше на што се должи нејзината состојба.

“Беше ужасно. Наоми е убедена дека напаѓачот ја следел и чекал погоден момент да ја нападне, додека е сама. Таа била нападната на улица, додека се обидувала да фати такси”, изјавил близок извор до Кемпбел за New York Post.

“Ногата и е повредена, бидејќи била удрена силно и паднала на земјата. Таа била прилично вознемирена и потресена од ситуацијата.”

Сеуште не е познато што е украдено од супермоделот, но се претпоставува дека мета бил скапиот накит, кој го носи таа.

Наоми веднаш заминала за Колорадо, каде ја лекувал Ричард Стедмен, еден од најдобрите доктори за ортопедија во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi