Ксел – Ха е уникатен воден парк во земјите на Маите во Мексико . Се смета за најголем отворен аквариум во светот, тој во себе ги комбинира убавината на тиркизната лагуна и бујната тропска вегетација.
Тематскиот парк е основан во 1980 година, а веќе од 1995 година е под управителство и маркетинг на меѓународно приватно друштво кое има 30-годишен договор за концесија за стопанисување.
Паркот е сосредоточен околу тесен природен проток и лагуна, мешавина солените води со најсвежи подземни водни струи. Влезот на Ксел – Ха е природен аквариум во кој живеалиште нашле стотици видови риби и растенија.
Областа е заштитена со ограда против ајкули, па нуркањето е апсолутно безбедено. Може да уживате над 100 видови птици, 350 видови растенија и 99 морски претставници. Токму поради големата разновидност од растителен и животински свет тука делуваат бројни програми за заштита и конзервација на биолошката разновидност на животната средина.





































