Куќа опседната со духови се продава за 1 евро

26 јануари, 20130
kuka

Еден сопственик на куќа во едно француско село решил да ја продаде истата за само 1 евро затоа што е проклета.Очигледно, куќата е опседната со духови, а тоа го принудило сопственикот да ја продава за само едно евро.

На францускиот eBay неодамна се појави оглас на кој се продава проклета куќа во селото Арбресие и тоа за само едно евро. Ако судите по фотографиите, куќата и не е баш нешто, но кров над глава од 110 квадрати и уште земjа од 350 квадрати за само едно евро? …. Па каде го има тоа?

Според описот, се работи за куќа во која во 1950 година се случило страшно убиство и сега е опседната со немирни духови. Овој паранормален феномен вклучува чукање по прозорите, необични звуци и гласови, како и предмети кои скаат да се „шетаат“ по куќата.

Полицијата никогаш не потврдила дека во таа куќа се случило такво убиство, бидејќи никогаш не се пронајдени тела, но огласувачот вели дека телата на убиените дополнително се пронајдени и закопани во полето.

Во француската јавност се води расправа за автентичноста на овој оглас, а огласувачот бара да му се јават само оние кои веруваат во вистинитост на неговата приказна и кои ја сакаат куќата за 1 евро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi