Лекарите во телото на старица откриле фетус стар 40 години!

popara13 декември, 201317min00
13

Лекарите во утробата на 82 годишна старица која дошла во болницата во Колумбија поради болки во стомакот, откриле скаменет фетус, односно литопедион.

После деталните анализи се докажало дека фетусот се наоѓал во нејзината утроба цели 40 години.

Литопедион е редок медицински феномен кога фетусот не се развива во матката, туку во стомакот.

Во овој случај фетусот се поместил во дел од абдоменот каде не било возможно да се развива, па преминал во калцифициран фетус бидејќи на тој начин телото се борело против него.

Абдоминалната бременост е ретка појава и се случува еднаш на секои 11 000 бремености.

Foto: flickr/mbaylor