
Некогашниот лекар на Мајкл Џексон, Конрад Мареј пред три седмици беше пуштен од затвор откако одлежа половина од четиригодишната казна за убиство од невнимание, кој тврди дека бил единствениот пријател на Џексон, а како доказ за тоа го наведува фактот дека секоја вечер го држел пенисот на Мајкл во раце поставувајќи му катетар.
“Мајкл беше скршен човек, без пари на сметка. Не можеше да се носи со страшниот притисок од страна на луѓето кои ја организираа неговата турнеја и кои му се закануваа со зборовите: Ние ти плативме кирија за куќата, обезбедување, лижавчиња за децата, тоалетната хартија која ја користите…Ако не ги одржиш концертите, ќе завршиш на улица!“ – раскажува Мареј.
“Сакате да знаете колку бевме блиски? Секоја вечер го држев неговиот пенис во раце додека му поставува катетар, бидејќи не можеше да го контролира мокрењето“
На крај, Мареј само сакал да му помогне на Џексон и да го заштити, но како што вели и двајцата пострадале.