Љубителите на ванила ова не смеат да го пропуштат: Брз и фантастичен ванила колач!
25 ноември, 20130
Состојки:
Тесто:
4 јајца
15 лажици шеќер
15 лажици брашно
15 лажици масло
15 лажици млеко
2 пакетчиња ванила шеќер
1 пакетче прашок за пециво
Фил:
2 пакетчиња ванила пудинг
500 мл млеко
1 филџан шеќер
2 пакетчиња ванилин шеќер
Подготовка:
Се мати тестото од наведените состојки. Па половина од тестото се исипува во тепсија претходно подмачкана и се пече на 180 степени околу 5 минути. За тоа време се прави пудингот според упатството на нашиот рецепт.
Потоа врз недопечената кора се додава врелиот пудинг, а другата половина од тестото се исипува врз пудингот. Колачот се враќа во рерна и се пече до крај. Додека е врел се поросува со кристал шеќер.