Госпдарот на тетоважите Руслан Тумамианс се занимава со тетовирање на своето и другите тела, но кога ја запознал девојката Лесиа, веројатно не очекувал дека ќе направи нешто што го нема направено претходно.
Поточно, Руслан и Лесиа се запознале на интернет, брзо за заљубиле, а откако прв пат се сретнале во Москва, одлучиле да се венчаат за помалку од 24 часа по запознавањето.
“Ова е симбол на нашата вечна посветеност. Сакам да го тетовира секој дел од моето тело”, изјавила Лесиа која се согласила Руслан да го истетовира своето име преку нејзиното лице.
Двојката ги споила љубовта кон тетоважите, а поранешната студентка по уметност Лесиа, од претходно веќе има тетоважа над веѓите “All For Love”.
“Нивниот план е заеднички живот, а тој ќе и помогне да го истетовира целото тело што отсекогаш сакала. Се разбира, сакаат и семејство”, изјавил нивниот пријател и додал:”Занм дека постојат и оние кои сметаат дека згрешила и избрзала со одлуката на овој чекор, поради кој ќе зажали. Но понекогаш се најдобри одлуки оние кои ќе ги донесете со срцето, отколку оние за кои премногу размислувате”.