Изненадувањето во облик на храна како мала порака на љубов, ќе биде доволна да преизвика насмевка и да го расположи парнерот, особено оние кои уживаат во храната и деликатесите.
Пица во облик на срце
Замесете тесто или земете готово. Поделете го тестото на помали прачиња кои лесно ќе ги развлечете и обликувате. По тестото посипете малку брашно и со нож обликувајте срце , а потоа на него наредете ги омилените додатоци за пица.
Колбас во облик на срце
Со вариво или друг прилог од зеленчук послужете го месниот додаток во облик на срце. Едноставно исечете ги краевите на колбасите или виршли, накосо и споете ги со чепкалка за да добијат облик на срце. Сакате да бидете екстра креативни, чепкалката украсете ја со пердуви за да изгледа како Купидон стрела.
Храната можете да ја исецкате и да ја сервирате во облик на срце
Едноставниот појадок може да биде многу романтичен ако го послужите на паметен начин со оригинална декорација. За здрав појадок во кревет, послужете леб со семки и секцан зеленчук како домати, пиперки и моркови. Нив можете да ги послужите во облик на срце, да го напишете името на партнерот или само “Те сакам.”