Љубовта оди преку стомакот: Вкусни изненадувања кои ќе бидат запаметени

14 февруари, 20130
Love

Изненадувањето во облик на храна како мала порака на љубов, ќе биде доволна да преизвика насмевка и да го расположи парнерот, особено оние кои уживаат во храната и деликатесите.

pica

Пица во облик на срце

Замесете тесто или земете готово. Поделете го тестото на помали прачиња кои лесно ќе ги развлечете и обликувате. По тестото посипете малку брашно и со нож обликувајте срце , а потоа на него наредете ги омилените додатоци за пица.

virsli

Колбас во облик на срце

Со вариво или друг прилог од зеленчук послужете го месниот додаток во облик на срце. Едноставно исечете ги краевите на колбасите или виршли, накосо и споете ги со чепкалка за да добијат облик на срце. Сакате да бидете екстра креативни, чепкалката украсете ја со пердуви за да изгледа како Купидон стрела.

pojadok

Храната можете да ја исецкате и да ја сервирате во облик на срце

Едноставниот појадок може да биде многу романтичен ако го послужите на паметен начин со оригинална декорација. За здрав појадок во кревет, послужете леб со семки и секцан зеленчук  како домати, пиперки и моркови. Нив можете да ги послужите во облик на срце, да го напишете името на партнерот или само “Те сакам.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *