За да избегаат од љубопитните очи во Велика Британија, Кејт и Вилијам заминале на одмор!
И тоа во кралски стил: идните родителите уживаат во луксузниот ресорт на приватниот остров Mustiqueu.
Mustiqueu е мал остров кој е дел од островите Свети Винсент и Гренадини, во Карипско Море.
Кејт и Влијам одмараат во вила која има 5 спални соби – од кои секоја вклучува голем гардеробер, бања и приватна тераса. Нивната куќа може да смести дест гости, не вклучувајќи ги шесте члена на екипажот. Кралската двојка има приватен влез во убава тропска градина, околни колиби и голем базен кој се наоѓа зад вилата. И колку чини овој рај на земјата? Иако зависи од годишното време, сега неделен престој во некоја од вилите во Mustiqueu чини – 25.000долари неделно.