Судот во Сан Диего ја осуди на 15 години затвор монстуозната мајка која својот четиригодишен аутистичен син го удавила во када. Пресудата е донесена еден месец откако 37-годишната Патриша Корби во солзи го признала убиството.
Патриша по извршувањето на убиството, на 31 март минатата година сама се предала на полицијата и им казала дека го убила својот син Даниел. Таа изјавила дека ја наполнила кадата со вода и дека го држела под површината сѐ додека не умрел. Неговото се уште мокро тело замотано во крпа го донела во полициската станица на задното седиште на автомобилот.
Подоцна таа кажала дека целиот живот ѝ бил посветен на грижата за синот. Американските медиуми пренесуваат дека жената била во тешка депресија и дека планирала и самоубиство, и дури во два наврати ја прашала својата најблиска пријателка дали ќе се грижи за него ако умре.
Пред изрекувањето на казната таткото на момчето, Двејн Корби, ѝ дофрлил дека е „одвратна личност“, а ни другите од семејството не ја штеделе во коментарите.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=WYHe2e0JWaw