Кејн Весткар (12) си го одзел животот бесејќи се во својата соба бидејќи неговата мајка после расправија, како казна му го одземала мобилниот телефон.
Неговото безживотно тело било пронајдено од страна на неговиот брат 40 минути откако Кејн влегол во собата и повеќе не излегол.
Расправијата почнала навистина многу банално. Неговата мајка побарала од него да го остави мобилниот телефон и да оди да си ја исчисти собата. Оваа несреќна жена не ни помислила што ќе предизвика нејзината воспитна мерка.
Кејн бил мошне популарно момче во своето школо и бил нарекуван од другарчињата „Малиот Супермен“. Сите кои го познавале се во шок поради неверојатната трагедија.
Истрагата вели дека децата обично не се свесни за последиците од своите дела и дека момчето веројатно очекувало дека ќе се врати од мртвите.