Медено каре

popara8 февруари, 20131min00
рецепт

Потребни состојки:

  • 1кг свинско каре
  • 150гр суви сливи без коски
  • 50гр ореви
  • 100гр презла
  • 50гр путер
  • 30мл ликер
  • 10 листови нане
  • 10гр мед
  • 50гр варени бадеми
  • 50мл маслиново масло
  • малку слатка павлака
  • лажичка сол
  • лажичка бибер

Начин на подготовка:

Додадете сол и бибер на месото, исечете го во средината и наполнете со суви сливи, кои претходно стоеле во ликер со ореви и лажица мед. Месото пржете го од сите страни додека не порумени. Зеленчукот исечете го на крупни коцки и се заедно печете околу половина час на 180 степени. Кога месото е речиси печено, извадете го од рерна, премачкајте со мед и путер, ставете го во презла и продолжете со печење на иста температура. На зеленчукот додадете бадеми. Во течноста од печењето, додадете ликер, запалете да испари алкохолот, ставете павлака и послужете како сос. Исечете го месото и служете со зеленчук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma