Вистински хит на интернет стана видео снимката од говорот на Мет Дејмон одржан за граѓанската непослушност, а американските медиуми веќе загрижено почнале да се прашуваат дали е ова повик за револуција!
“Почнувам од претпоставката дека светот е свртен со главата надолу. Погрешни луѓе се во затвор, а погрешни луѓе надвор од него. Погрешни луѓе се на власт, а погрешни луѓе немаат моќ. Богатството во оваа земја, но и во остатокот од светот е така распределено што бара не мала реформа, туку драстично прераспределување на ресурсите“…е дел од говорот на славниот актер.