Мики и Мини Маус биле во брак во вистинскиот живот

17 февруари, 20130
miki i mini

Актерот Вејн Алвин, кој 30-години го позајмуваше гласот за цртаниот лик Мики Маус, дваесет години бил во брак со актерката Руси Тејлор, која пак го позајмувала гласот за Мини Маус.

Познатиот актер, гласот за Мики почнал да го позајмува во 1977-ма година.

Неговиот „фалсет“ можевме да го слушнеме до 1983-та година во филмот „Божиќната песна на Мики Маус“, како и во бројни забавни паркови на Дизни ширум светот.

Во 1986-та тој освои Еми награда за обработка на звукот во серијалот за NBC, „Неверојатни приказни“.

„Мики е вистинска ѕвезда. Едноставно мора да го сакате тоа „момче“, додека го имате, бидејќи знаете дека нема да е ваш засекогаш“, изјави Алвин.

Вејн Алвин почина во 2009-та година, а почесниот директор на „Walt Disney“, Рој Дизни изјави дека актерот не му го позајмил на Мики само неговиот глас, туку неговото срце и душа.

Од друга страна, Руси Тејлор е американска актерка која гласот на Мини Маус и го позајмуваше до 1986-та година, што е најдолга ваква улога направена некогаш.

Инаку таа моментално го позајмува гласот за дел од ликовите на Симпсонови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *