
Патниците на рускиот Боинг 737 кој се сруши во Казањ немале шанси да преживеат бидејќи падот на авионот бил речиси под прав агол. На шокантната видео снимка која е објавена се гледа како авионот забрзано паѓа после што се гледа огромен пламен.
Сите 50 души во авионот погинале, најверојатно се работело за грешка на пилотот и технички дефект на авионот стар 23 години.
Главната верзија за несреќата е грешка во пилотирањето и технички фактори. Претседателот Путин изразил сочувство на семејствата на загинатите и најавил итно создавање комисија и истрага за да се открие причината за несреќата.
Авионот кој се срушил припаѓа на регионална авио компанија Татарстана. Според сведоците, боингот за кратко време изгубил висина, а резервоарот експлодирал при ударот.

httpv://www.youtube.com/watch?v=koUV3xRIraU