Секс фантазии: Тројка е прва желба на списокот

19 ноември, 20130
13

Сексуалните фантазии претставуваат непресушна тема на човечката психа. Не постои човек кој не замислува секс на лудо место, во уште една луда поза, со човек што не го познава или го познава…Сите ги имаат своите секс идеи кон кои тежнеат и тие се разликуваат од човек до човек. Но сепак некои фантазии се заеднички за повеќето и за двата пола.

На прво место, верувале или не е секс во тројка. И мажите и жените подеднакво фантазираат за ова, само во различни комбинации. Мажите тоа го сакаат со две жени, а дамите сакаат во тројката да има двајца мажи. Меѓутоа во јавноста ова е поприлично табу тема која не е најдобро прифатена од околината, без разлика што не постои човек што некогаш не помислил на тројка.

На второ место се наоѓа секс со непознат човек. Во оваа фантазија нема кочници, правите се што од секогаш сте посакувале, бидејќи тој човек повеќе нема да го видите во својот живот. Тука има простор да направиш се за што претходно не си се осмелувал.

Меѓу најголемите секс фантазии е и секс во јавност. Разликата е во тоа што жените ова најчесто го замислуваат на плажа, додека мажите не сакаат романтични места и избираат тоалет во дискотека, кабина за пресоблекување во бутик и сл.

И на последно но не помалку важно место се наога “стриптиз“. Не се само мажите тие кои фантазираат за жена која како Ким Бесинџер во филмот “Девет и пол недели“ ќе се расоблекува сензуално на музика која мами на секс. И дамите подеднакво сакаат да танцуваат во скут на својот партнер. Од друга страна мажите најчесто фантазираат за стриптиз со жена која им е недостапна, например шефица од работа или другарка на девојката.

Foto-ilustracija: Aytekinaydings.blogspot.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi