Морска сол за убава коса

popara6 март, 20131min00
11

Сакате ли да имате здрава и убава коса? Наместо да си ги давате парите за козметички препарати искористете ја природната сила на морската сол која помага при сува, кршлива и оштетена коса.

Морската сол може да ги избави жените од сите проблеми со непослушната коса. Солта е доста едноставен но и ефикасен начин за опоравување на косата после зимскиот период.

Додавањето на морска сол во грижата за косата гарантира чудотворен ефект. Детоксикацијата истовремено ги отстранува мртвите клетки од скалпот и ефикасно ги чисти сите остатоци и траги упиени во влакното од препаратите како што се гел, лак, пена и сл. Начинот на користење е многу едноставен – втријте ја морската сол во кожата на главата, оставете да делува 5 минути и потоа исплакнете обилно. Нема потреба да ја миете косата повторно со шампон.