Синди Крафорд: Бев премногу млада за да бидам г-ѓа Гир
6 март, 20130
Синди Крафорд за прв пат зборува отворено за пропаднатиот брак со холивудскиот актер Ричард Гир. Тоа го направи во телевизиското интервју со Опра Винфри.
Супермоделот признава дека кога се омажила за Ричард имала 22 години и била премногу млада за да размислува за семејство и деца, а воедно беше на самиот врв од кариерата.
Синди вели: „На 22 години бев млада жена која сеуште сакаше да открива која е и што сака да биде…Од своја страна Ричард имаше 37 години“.
Гир и Крафорд беа во брак 4 години пред да се разведат во 1995 година. После тоа и двајцата се оженија повторно – тој со Кери Лоул во 2002 година од која има еден син. Синди пак се омажи за бизнисменот Ранди Гербер со кого има две деца.