Мozilla со нов и подобрен изглед
Познатиот прелистувач Mozilla Firefox направи голем чекор откако ja пуштија најновата надградба за него наречена Australis.. Проектирањето и дизајнот бил неколкумесечна напорна работа за да стигнат до посакуваната цел. Australis има нов изглед кога станува збор за прелистување на интернет, заоблени јазичиња, поголемо место за нови јазичиња, односно помалку место за тие што не ги користите во моментот а поголеми за тие што ги користите, графичко мени кое личи повеќе на некоја апликација со дополнителни и олеснителни опции. Големата измена кај Australis можеби на почетокот ќе биде потешка за ракување за некои луѓе, меѓутоа со тек на време нема да сакаат да користат друг прелистувач. Некои измени се слични како кај најновиот Интернет Експлорер од Мајкрософт и Хром од Гугл. Темата која ќе може да се менува во позадина е исто така изменета. “Стримувањето брзо, ве прави и вас многу побрзи” – изјавил потпретседателот на Firefox Џонатан Најтингејл.
httpv://www.youtube.com/watch?v=GAPHVBAE67M