
Сајтот за онлајн аукција иБеј се соочува со остра осуда и критики од јавноста откако е откриено дека сајтот профитира од аукција на предмети од холокаустот.
Работите кои се на аукција вклучуваат облека од жртвите од концентрационите логори, а минатата седмица на аукција била униформа што припаѓала на полски пекар кој починал во Аушвиц и нејзината цена достигнала 12 000 фунти.
Тоа е само мал дел од предметите кои се продаваат на иБеј, а потекнуваат од Аушвиц и останатите концентрациони логори од Втората светска војна.
Ибеј набрзо ја отстранил објавата поради “итна истрага“. Од сајтот упатиле извинување и ветиле дека ќе дадат 25 000 за хуманитарни цели, а над 30 експонати се тргнати од аукција.
Луѓе кои го преживеале холокаустот и нивни роднини ширум светот испратиле илјадници мејлови до редакцијата на Дејли Мејл каде велат дека се шокирани и згадени од овој факт и се надеваат дека редакцијата ќе продолжи со истрагата против иБеј.